Теоријата што објаснува зошто Дикаприо ќе добие Оскар

Истиот човек кој во Ванити Феир пред две години (кога победува Мекконахи) тврдеш дека Дикаприо нема да освои Оскар во скоро време доколку не се трансформира во "помалку кул" глумец, затоа што кул глумците не освојуваат Оскари, денес смета дека Дикаприо повеќе е станат Том Хенкс отколку Бред Пит.

Потеклото на теоријата на Џејмс Марфи доаѓа од една изјава на режисерот Ендру Доминик за Бред Пит, "човекот некако не те привлекува за да ја споделиш неговата позиција."

"И ова е сржта на секој кул настап: те остава да се чудиш како би било кога ти би бил тој лик, без притоа да замислуваш дека би можел да бидеш. Том Хенкс е олицетворение на спротивното, топол стил на глума кој те привлекува кон себе, за да почнеш да чувствуваш она што тој чувствува и да го разбираш светот што тој го разбира. И двата стила на глумење заслужуваат признание, ама Академијата има наградено многу повеќе актери како Хенкс отколку како Пит. Кери Грант и Џими Стујарт се меѓу најголемите филмски актери на сите времиња, ама само Стујарт има освоено статуетка," пишува Марфи.

Неговата процена е дека Леонардо ќе освои Оскар, затоа што во Повратникот тој конечно се префрла кон Том Хенкс крајот на спектарот.

"Тоа на почеток може и да не изгледа така; глумејќи скаут по име Хју Глас кој ја напушта белата 'цивилизација' за да живее во дивината со неговиот половина-Пони син, Дикаприо изгледа како повторно да е избран за улога која го става над останатите ликови во филмот, како што беше во Волкот од Вол Стрит или Големиот Гетсби. За кратко време, неговиот лик е жртва на серија понижувања, од напад од мечка до јадење мртов бизон претходно растргнат од волци.

Ова не е Леонардо плејбојот кој во вистинскиот живот постојано е во врска со манекенки, туку гледаме еден Дикаприо со грда брада и кожа од мечка кој игра татко и вдовец, прогонет од соништата за неговата мртва жена.

Филмот соборува доста кул бариери што Дикаприо ги има поставено во текот на годините, пред и зад камера. Раздрпан и напуштен, Глас ја добива нашата емпатија. Тој не е кул, и врз основа на изненадувачкиот успех на кино-благајните, очигледно на публиката и е мило за тоа," објаснува Марфи.

Раскажувајќи ја последната сцена на филмот, по моментот откако Глас го убива Фицџералд (Том Харди), Марфи објаснува:

"Тој (Глас) станува од снегот едвај жив. Тој не изгледа толку триумфално колку истоштено, израз кој останува дури и кога Дикаприо го мести својот поглед надвор од кадарот и се врти кон публиката. Последниот кадар од филмот не е со Глас, туку е со Дикаприо, чиј поглед е свртен кон публиката, жаловито, како да прашува 'Беше ли ова доволно добро за Вас?'

Леонардо речиси сигурно ќе победи годинава, бидејќи престана да биде кул и стана некој друг, некој поинаков, во Повратникот. Ова е улога која е сместена на златната средина меѓу познатото и необичното: и дозволува на публиката да се замисли себе си од перспектива на некој сосема друг."

26 февруари 2016 - 18:33