Супермен го спаси светот, ама ја упропасти Земјата

Во добрата Супермен традиција најновиот филм на темата завршува со џиновска, разорна битка меѓу "нашиот" и Генерал Зод. Откако тие се истепаа, луѓето седнаа и пресметаа колку пари би нè чинело тоа што Супермен нè одбрани.

Пресметката ја прави експертот за катастрофи Чарлс Ватсон и неговите колеги од Watson Technical Consulting и Kinetic Analysis Corp.

Во битката се убиени 129 илјади луѓе, а 1 милион се повредени, што е отприлика слично со жртвите од нуклеарната бомба фрлена на Нагасаки. Штетата предизвикана во битката е околу 750 милијарди долари.

За споредба штета од нападите на 11. септември и рушењето на кулите близначки е 55 милијарди долари, додека во битката во Њујорк, Авенџерс направија штета од 160 милијарди долари.

За да не ви го расипуваме филмот со дополнителни детали, целиот извештај и пресметката околу тоа што и како се случило го имате тука.

 

21 јуни 2013 - 19:15