Марвел го сотре ДиСи

Историски ДиСи уште во 70-те години незапирливо тргна во освојување на филмскиот пазар и парите од кино-благајните, кога главен и единствен глобален филмски суперхерој беше - Супермен, а Бетмен го имаше истиот статус на телевизија. Од тогаш до денес, ДиСи генерално останаа на овие двајца, додека Марвел извади се што има.

 

На Марвел му требаше до крајот на 20-от век да се прибере, организира и да почне да прави добри филмови со суперхерои. Пример во 1990-та Марвел го снима првиот Капетан Америка филм, кој заработи цели 18.500 долари. Две години подоцна ДиСи го снима Бетмен се враќа и од него заработува 453 милиони долари.

Првиот успех Марвел го имаат дури во 1998-ма, со првиот дел од Блејд. Филмот заработува 191 милион долари. До тогаш, ДиСи прави над 2 милијарди долари од филмовите со Бетмен, а само првиот дел од Супермен заработува 1,09 милијарди долари (сумите се адаптирани на денешна инфлација).

15 години подоцна, денес крајната сметка е 8,9 милијарди долари за ДиСи комикс, и 17,7 милијарди долари за Марвел. Додека ДиСи парите претежно ги направи од Бетмен и Супермен (не виде многу ќар од Константин, Кетвомен, Вочмен и Џона Хекс), Марвел од почетокот на 2000-те извади ги претвори во фабрика за пари ликовите од ИксМен, Авенџерси и Фантастичната 4-ка (со далеку помал успех минаа Daredevil и Електра).

1 септември 2014 - 15:28