Во законодавството на Минесота досега постоело нешто на кое се повикувале сексуално агресивни домаќини, таканаречена „одбрана на доброволна врска“, што значи дека секое домашно сексуално насилство лесно можело да помине ако се докаже дека генерално таа врска била доброволна.
Таквите случаи, како примерот со 45 годишната Џени Тисен кој сопругот ја дрогирал па силувал на спиење, некогаш минувале со признавање помала вина, на пример, нарушување на приватноста, по што брачниот силувач минувал со безначајна казна.
Законодавците кои ги избуткале измените велат дека било комплетно апсурдно да постои оправдување ако нешто лошо се случило во врска која е доброволна.
„Сите треба да бидат сигурни, без разлика дали и за кого се венчани,“ порачува еден законодавец.