
Жената ја тестира одлучноста на своите деца и сопруг да не пипнат ништо низ дома со тоа што ќе залепи пари на најразличен отпад што го среќава низ куќа и ќе го остави каде што го нашла.
Експериментот трае цела седмица и во него се вклучени повеќе парчиња отпадоци што им дремат низ куќа. Не отпад во смисла „стар ти е точакот“, туку хартивче, искористена ролна од тоалет хартија и слично.
По една недела ниту една банкнота не е откриена од цимерите на жената.
Целиот експеримент мајката го постира на социјални мрежи, делумно разочарана што нејзиниве го немаат ни погледнато отпадот, делумно среќна што сите пари и останале.