До заклучокот заеднички доаѓаат истражувачи од два американски универзитети (Невада и Мичиген), кои ги следат првите 16 години од бракот на речиси 400 хетеросексуални парови, и како тие се справуваат со историски прашања од типот пари, одгледување деца, блиско семејство, хобија и слично.
Ти го споредуваат здравјето на мажите и жените кои имале повисок број на конфликти со оние кои имале понизок.
Има лоша и полоша вест.
Лошата е дека конфликтите негативно влијаеле на здравјето на мажите и жените.
Полошата вест е дека конфликтот имал значително полошо влијание врз - мажите.
Научниците заклучуваат дека конфликтните бракови предизвикуваат реакција на телото како - воспаленија, промени во апетитот и зголемено лачење на стрес хормони. Сите овие влијаат на серија здравствени аспекти од срцева функција до имунитетен систем.
„Искупувањето на голем број конфликти во врска е многу штетно за здравјето, штетно како и навики како пушење и пиење.
Свадбата и потпишувањето на венчаницата не се сами по себе позитивни за здравјето - туку важно е она што партнерите ќе го прават еден за друг за време на бракот... Конфликтите можат да бидат посебно штетни за здравјето ако партнерите се непријателски настроени или дефанзивни за време на недоразбирањата или ако постојано се расправаат за една иста тема без никакво решение,“ објаснува една од професорките која ја спроведува студијата.
Здравјето на учесниците било рангирано од 1 до 5. Ниско конфликтните парови завршиле со просечна оценка од 4,07, додека високо-конфликтните биле со просек од 3,86.
Претходно вакви студии се концентрираат на позитивните страни што добриот брак ги има кај пациенти со холестерол, висок притисок и дијабетес. Кај сите овие пациенти мирот и разбирањето во домот делува како мелем.