Пророштвото на Гадафи

Во 2005-та година, либискиот претседател Моамер Гадафи прогнозираше во кој правец ќе се одвиваат американско-руските односи. Поконкретно дека САД ќе најдат начин да тргнат кон богатите изворишта на природни богатства и енергенси кои ги има Русија и кавкаскиот регион. И им порача на Либијците да си ја бранат земјата.

„НАТО се шири кон Русија за да стигне до гасот, нафтата, јагленот и железото што ги има Русија. Ова е кристално јасно.

Разговарав со високи руски функционери и тие се свесни за оваа цел.  Тие знаат дека вистинската цел на НАТО се извориштата на нафта, јаглен, гас, железо и злато кои ги има во Русија и во кавкаскиот регион до кои Запад нема пристап затоа сакаат да ги окупираат.

Мора да останете будни, без разлика дали сум жив или некој друг ќе дојде по мене. Во секој случај, овој говор сега е снимен и достапен. Ако НАТО дојде да ја окупира Либија, сите можеме да станеме маченици ако ни недостасува национална одбрана.

Не биди како Америка. Америка моментално се самоубива. Тие се среќни што се самоубиваат, трошат на флоти, воени бази, помош, мито, монополи и црни пари насекаде, и ќе дојде време кога Америка ќе се распадне, исто како што се распадна Советскиот Сојуз“.

Шест години подоцна, Гадафи заврши вака. Содомизиран со бајонет и убиен.

*************

Види и:

Не се секирајте и сакајте ја бомбата

Кога ЦИА и МИ6 му беа другари на Гадафи

Три бои Америка

Како Британија му ги вршеше валканите работи на Гадафи

Кој ги спискува милијардите на Гадафи? Белгија ги спискува милијардите на Гадафи

16 август 2023 - 13:28