Животни

Апликации против комарци

Бил Гејтс неодамна претстави инфографик со 15-те најсмртоносни животни на планетава. Врвот го држат комарците кои  убиваат 600.000 луѓе годишно. Па сепак, секое лето луѓето повторно се убедуваат дека може да ги спаси некоја зезалица од типот апликација за мобилен. 

Бубашваба демократија

Во колониите на бубашваби владее основен модел на демократија во кој сите членови имаат еднаков глас а пред секоја важна одлука за колонијата се водат групни дискусии.

Повеќе тигри по каучи, отколку во џунгла

Во САД моментално има 5.000 тигри, од нив само околу 5% се сместени во зоолошки. Во остатокот од светот, во дивина, нема повеќе од 3.200 примероци.

Кучето од 2 милионa долари

Старо е една година, има златеникаво крзно и е од сортата тибетански мастиф, а продадено е во Кина на Саем за луксузни миленици.

Само уште ова ни треба

На морските ѕвезди од западниот брег на Северна Америка им се случува масакр од некоја тотално непозната и бизарна болештина. Не сакате ни да замислите како ќе биде ако и ние се заразиме.

Кучињата нè сконтаа

Кучињата веќе толку добро не разбираат што можат да предвидат што следно ќе направиме. Нивната способност да нè читаат се засилува со секоја нова генерација и не зависи воопшто од тренинг.

Сурово одгледувани ќебапи

Група активисти за права на животните се инфилтрира во фабрички фарми за производство на месо, каде тоа што животните треба да умрат за да се претворат во храна и не е најлошата вест. Она што го регистрираат е доволно да ве претвори во доживотен зобач на овес.

И мајмунот е човек

Ако Дарвин бил во право, и ако мајмунот ни е навистина толку близок роднина (некому прв братучед, некому золва), тогаш зарем тој не заслужил да му бидат загарантирани барем некои од човечките права? Една американска невладина организација го бара токму тоа.

И на грдите животни им треба љубов

Затоа што пандите се однесуваат како да се Кардашијан меѓу загрозените животни, група биолози формираше здружение за Заштита на грдите животни, кое треба да покаже дека во светот има и други животни што треба да се спасат.

Не се умирало од тоа

Традиционалното несложување по сите прашања привремено е прекинато кога станало збор за прашање на живот.

Ни Шведска не е веќе раат

Дека наш човек може да покаже целосна емпатија кон судбината на далечните браќа Швеѓани зборува нашиот личен пример со следнава вест. Таа двапати не здоболе, и кога ја читавме и кога ја пишувавме.

Нова формула за кучешката старост

Обично се смета дека староста на кучето се пресметува со обично множење на годините кои ги има со 7. Но, вистинската равенка била многу посложена.

Не е само Езоп од нивна

Последниот што го погоди Иран и за кој се стравува дека однел стотина животи одново го разбуди длабокиот човечки страв од непредвидливоста на земјотресот. А група научници се речиси сигурни дека тајната ја знаат мравките. 

Сер Дејвид Хетероу

На удар на често пати досадното геј лоби се најде и култниот Сер Ричард Дејвид Атенбороу. Што е па тој кабаетлија? Ги игнорирал хомосексуалните животни.

Женската која се откажа од секс

Видете, ова не е баш нејзина фотографија (ја нема во добра резолуција) ама насловот е точен. Женската нема секс едно чудо години и ништо не ѝ фали.

Рибарот се врати дома

Британскиот автор на документарци и крајно успешен рибар (за разлика од некои) Џереми Вејд, го заврши снимањето на серијата "River Monsters" чија единствена цел е да ги документира најмонструозните примероци на слатководни риби. И немате поим колку успеал.

Во Индија не јадат кучиња

Може Скопје има џукели (не луѓе, кучиња), ама Индија е буквално под инвазија од кучињата скитници чиј број се движи помеѓу десетици милиони и премногу.

Не е важно да се победи, важно е да се преживее

Физички најподготвените примероци на човечкиот род од денеска во Лондон ќе почнат да си ги одмеруваат силите. А во природата, живеат и поголеми Олимпијци од Олимпијците.

Јапонска ефикасност

Чуварите во една јапонска зоолошка не треба да објаснат како избегале 30 верверици, туку како успеале да вратат речиси 40.

На животните одлично им оди со Еуро 2012

Да уплаќаа сингл во кладилница на Германија, 4 од животинчињата што предвидуваат резултати на Еуро 2012, до сега ќе земеа пари за секој од 3-те натпревари на германската репрезентација.

Украина ќе ги отрезнува мечките

Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.

Желки се развеле после 115 години

Заедно пораснале, се засакале, станале партнери и живееле среќно и весело. Одеднаш, нејќат да се видат. Добро, не може да се каже дека не пробале бидејќи бракот им траел 115 години.

Мачката на Лагерфилд

Како ретко кога, Карл Лагерфилд застрани малку од редовното плукање по дебели манекенки и луѓе што не разбираат дека треба да се носи крзно, за да позбори за неговата - мачка. Што е тоа важно? Мачката живее подобро од вас.

Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.