Врева за убиство на лав, молк за пет слонови

Додека светот жалеше по Сесил, 13-годишниот лав кој беше застрелан од американски ловец во Зимбабве, еден многу пострашен инцидент се случи во Кенија, за којшто речиси никој не извести.

Ловокрадци убиле пет слонови во националниот парк Цаво Вест, и тоа возрасна женка и четири слонови - нејзино потомство, чии кљови биле отстранети.

Додека убиството на лавот во Зимбабве привлече огромно медиумско внимание, смртта на петте слонови речиси да помина незабележано, иако слоновите како вид се многу позагрозени од лавовите и под многу поголема закана од ловокрадците. Нивните кљови достигнуваат цена од 2,200 долари за килограм.

Кенијските истражни органи велат дека ловокрадците ја минале границата од соседна Танзанија, ги убиле слоновите и потоа бргу се повлекле во нивната база. Цаво се протега долж границата, на повеќе од 80 километри. Најверојатно ловокрадците избегале на мотори, носејќи го со себе својот плен.

Џими Кимел за убиството.

 

31 јули 2015 - 08:51