Следниот предизвик за Владимир Путин

Сме го виделе како гол до појас јава коњи врани по дивината, како лови риби, птици, препелици, како вози мотори и болиди, како успива тигар без употреба на политички говор, плива во ѕивра ладно сибирско езеро или пак гњури на дах и од километарски длабочини вади бесценети амфори. Ако сака да ја задржи репутацијата на супер херој, следна дестинација за Путин би требало да биде Балтичкото море.


Како претходно во скандинавските води кога властите на Данска и Шведска мораа да ги  предупредат машките пливачи да си ги присоберат висечките елементи, рибата паку деновививе била забележана и во Балтичкото море.

За афинитетите на оваа риба која е билошки роднина на пираната најдобро зборува нејзиниот прекар - сечач на тестиси.

Нејзин природен хабитат се водите на Амазон и другите јужноамерикански реки но може да биде чувана и во домашни услови па се претпоставува дека во рускиот Калининград стигнала на тој начин, кога некому станала преголема да ја чува во домашен аквариум. Во природни услови може да порасне до 90 сантиметри и 25 килограми а во домашни услови ретко надминува 50 сантими.

Во принцип овие риби се вегетаријанци, освен во случајот со машкиот деликатес на кој не можат да му одолеат. Забите ѝ се нешто порамни и посилни од оние на пираната.

"Гризат само кога се гладни а тестисите им изгледаат како природно решение бидејќи перфектно пасуваат со големината на нивната уста," велат познавачите.

Во продолжение, за што сè го бива Владимир Путин:

За крај, како најлесно се фаќаат пирани:

29 јули 2014 - 15:40