Сме го виделе како гол до појас јава коњи врани по дивината, како лови риби, птици, препелици, како вози мотори и болиди, како успива тигар без употреба на политички говор, плива во ѕивра ладно сибирско езеро или пак гњури на дах и од километарски длабочини вади бесценети амфори. Ако сака да ја задржи репутацијата на супер херој, следна дестинација за Путин би требало да биде Балтичкото море.