Агенцијата за кастинг ангажирана за серијата Господар на прстените, пушти оглас во кој бара луѓе со долги и костести екстремитети, големи клемпави уши, лузни од бубуљици, костесто лице, големи очи, вилици што се преклопуваат и недостаток на коски.
Корпоративни штакори во BBC пред некој ден решија да скинат од репертоар епизода од познатата хумористична серија „Фаличниот пансион“ оценувајќи дека има расистички навреди. Откако нејзиниот автор, монтипајтоновецот Џон Клиз ги направи пуздер, решија да ја вратат епизодата.
Не дека овие 9,1 ден гореименуваните ги потрошиле на унапредување на духот и телото, туку најверојатно и тие биле спискани пред некој друг екран, ама пак е убава бројка.
Брендот за долна облека објави дека годинешниот спектакл го откажува заради растечките критики за немање разноликост и намалената публика. Со други зборови Викторијас сикрет попрво би го укинале шоуто отколку да пуштат дебели модели да им шетаат по писта.
Бандата имаше епизода критична кон Кина, па Кина за да докаже колку Саут парк не се во право за тоа што го зборат за земјата реши да ја забрани серијата во целата земја. Следни на ред беа Саут парк да наведнат глава.
Симпсонови по сето ругање што му го приредија на секој слој на американското општество, на крај во големото културолошко освестување на земјата (кенкање уздуж и попреко) заглавија на ликот на Апу, затоа што еден американски комичар со индиско потекло се чувствуваше навреден што белец го позајмува гласот на индискиот лик.
Две важни работи од интервјуто на Џорџ Р.Р. Мартин за Гардијан се дека: 1. Уште до никаде не е стигнат со пишувањето; 2. Не му прави нешто многу разлика крајот на серијата, ама фино што заврши.
Ликовите и локациите од книгата на Толкин ќе може да бидат дел од серијата на Амазон, меѓутоа приказната нема да смее ни ишарет да пушти кон она што се случуваше во трилогијата филмови.
Првото полувреме од втората дебатата на претседателските кандидати на Демократите (заради бројот на кандидати поделени се во два дена) одржана на Си-ен-ен бележи понорен пад на гледаноста од 40% во споредба со онаа во јуни.
100 милиони долари за година и Офис 5 години официјално се сели од Нетфликс на како и да се вика новиот стриминг сервис на Ен-би-си Универзал. По 2020 година.
По три сезони глумејќи го Трамп на СНЛ, Алек Болдвин пред некој ден во интервју порачува: „не можам да замислам пак да го играм. Едноставно не можам. Нека најдат некој што сака да го работи тоа.“
Иако деца се повеќе и повеќе дремат на телефони и таблет уреди, телевизорот и понатаму останува доминантен извор на забава за деца на возраст меѓу 2 и 11 години.
Адаптација на книгата на Толкин што Амазон ја најавува како ТВ серија од 1 милијарда долари, за сега добива и таков третман од Амазон, барем во однос на безбедноста.
Водител на телевизијата Фокс призна дека 10 години нема измиено раце. Не верувал во постоењето бактерии. „Не ги гледам, значи, не постојат“, заклучи Пит Хегсет.
Водител на телевизијата Фокс призна дека 10 години нема измиено раце. Не верувал во постоењето бактерии. „Не ги гледам, значи, не постојат“, заклучи Пит Хегсет.
Во досега најопсежното експозе на темата Моника Левински комплетно под свои услови, како човечко суштество кое на свој грб ги почувствува сите неправди и трауми, а не спотер за туѓи политички пребивања, проговорува за она што пред 20 години се случи со тогашниот претседател на САД.
Ако изминативе години живеевме во фаза во која не можеш да имаш стенд-ап без тој да биде „политички или општествено ангажиран“, за сега полека да преминуваме во фаза кога комедијата се исклучува од стенд-ап комедијата и остануваат само активистички и „ангажирани“ проповеди. И тоа веќе не се трпи, барем ако ти е до смеење.
Човекот што ги создаде Симпсонови за прв пат реагираше на критиките околу Апу по документарецот на комичарот Хари Кандаболу од Њујорк за тоа како ликот бил употребен за да го малтретираат додека растел во САД.
За новото риалити шоу телевизиската мрежа ќе проверува колку го бива еден милијардер испраќајќи ги во непознат град каде треба за 90 дена од нула да изградат компанија вредна милион долари.
Еден од извршните директори на ХБО откри дека главните ликови од Игра на тронови ќе бидат убиени „еден по еден“ во текот на последната сезона, ако е некаква утеха најави и 5 спин-оф серии од шоуто.
Ендевор контент ги откупи правата неодамна објавениот бестселер Оган и гнев, во кој новинарот Мајкл Вулф го раскажува своето сведоштво на првата година од мандатот на Трамп.