Првиот модел на телевизори ќе се вика УПЛЕЕВА, ќе има ЛЕД екран, со 2 звучника и вуфер, вградено ВиФи, ЦД и БлуРеј плеери.
Телевизорот ќе доаѓа со комода, во која ќе бидат скриени сите кабли, а целиот систем ќе се контролира со едно далечинско. Икеа на својот телевизор дава гаранција од 5 години.
Математиката на ИКЕА е - има подобри, има полоши модели, и квалитетот на сликата варира, ама после одредена точка најважен фактор кој одредува што телевизор ќе купите е како тој изгледа во вашата соба.
ИКЕА нема да влегува во бизнисот со правење телевизори. УПЛЕЕВА ќе биде произведен од кинеската компанија TCL. Компанијата не е најквалитетниот производител на телевизори, но најголемиот број од корисниците нема да осетат разлика помеѓу нивните и моделите на Самсунг. TCL е шестиот по големина производител на ТВ-а во светот.
Цена - 750 евра.