Во истражување од 1999-та, двајца професори ангажираат 165 студенти од кои половина треба да запомнат 7-цифрен број, а останатите 2-цифрен.
"По ова на учесниците им е кажано дека експериментот е готов и им била понудена ужина, на која требало да изберат меѓу чоколадна торта или овошје.
Учесниците кои запомниле 7 цифрен број било 50% поверојатно да изберат торта наместо овошје," стои во резултатите од истрагата.
Иако не го кажува ова директно, поентата е дека трудот да се натера вашиот мозок да работи на една тема (да запомни 7-цифрен број), ја слабее неговата способност да биде ефективен на друга тема (одржување на сопствената волја).
"Една когнитивна функција го користи истото гориво како и сите останати. Ова значи дека за се што вие го присилувате вашиот мозок да направи (збориме за програмери), толку тој е помалку ефективен во извршување на остатокот од задачите. Задачи од типот - да не изедеш толку торта," пишува Кајл Вагнер за Гизмодо.
Истиот овој принцип е прифатен од ЦЕО-а (на пример Закерберг и неговите маички) кои ги ограничуваат изборите што треба да ги направат во текот на денот, со тоа што секој ден носат едно исто. Колку помалку избори треба да направиш, па дури и да се тривијални, толку твојот мозок ќе биде поефективен за работите за кои навистина ти треба.
"Не само што вашите одлуки на работа ќе страдаат, туку се намалува и вашата волја. Вашето тело почнува да работи по инстинкт. Ја бара храната во која знае дека ќе ужива, или само седи мрзливо на каучот, бидејќи евентуалниот напор го смета за смрт," објаснува Вагнер.
Заклучокот од сето ова е дека секогаш ќе имате важни нотификации, пораки или твитови што ќе ви дојдат на некоја од технологиите што ги користите (смартфон, таблет, ПЦ), "меѓутоа треба да запомните дека секој ваш контакт со технологијата го чини вашиот мозок."