Новата генерација, официјално Распбери пај модел Б, има процесор со четири 1,5 гигахерци Кортекс А72 јадра (и поддржува х.265 видео декодирање), и за прв пат дозволува повеќе од 1 гигабајт РАМ. Има модел со 2 и со 4 гига.
За разлика од досегашниот „етернет преку УСБ 2“ новиот систем има вистински гигабитен етернет порт, два УСБ 3 портови, уште два за УСБ 2, еден УСБ Ц (за струја), а блутутот е апгрејдуван од 4,2 на 5.0.
Уште една голема промена е укинувањето на регуларниот ХДМИ порт, и негова замена со два микро-ХДМИ портови на кои можеш да вклучиш две 4К монитори кои би работеле на 60 фрејмови во секунда.
Основниот модел чини 35 долари, оној со 2 гигабајти РАМ е 45 долари, а со 4 гига РАМ е 55 долари.