Мали одлуки за големи заштеди со Gorenje - започнете од бањата!

Во време кога сè повеќе се прашуваме како да живееме подобро, попаметно и поодговорно, одговорот честопати не лежи во големи промени. Токму во секојдневните, ненаметливи навики навистина се прави разлика. Енергетската ефикасност станува еден од оние невидливи херои кои работат за нас - дури и додека спиеме. Сепак, за да бидеме енергетски поефикасни и поприфатливи, сè уште треба да научиме малку повеќе за тоа. Како и секогаш, образованието е клучно, а една од тие мали нешта, т.е. промените што ги споменавме на почетокот, може да вклучува и замена на истрошени апарати за домаќинство. Ова не само што ќе придонесе за енергетска ефикасност, туку ќе ни даде и повеќе слободно време и помалку грижи за работи што премногу нè окупираа до вчера.

Замислете апарат кој, ден по ден, троши 40% помалку електрична енергија. На долг рок, не станува збор само за пониски сметки за струја. Тоа е помало влијание врз животната средина, повеќе простор за други трошоци и значаен чекор кон одржлив секојдневен живот за целото семејство.
 
Тивок сојузник на секое семејство
Како еден од главните сојузници во домот за одржување на хигиената, многу е важно машината за перење темелно да ги пере алиштата и да ве заштити од алергени и непријатни мириси. Замислете да не мора да се грижите кога тарифата на електричната енергија е поскапа или кога треба да перете на пониска температура. И двете од овие работи придонесуваат за значителни заштеди со текот на времето.

Gorenje ги гради своите иновации врз комбинација од технологија, модерен дизајн и филозофија што го става животот во центарот на вниманието. Енергетски ефикасните машини за перење на овој производител, кои трошат до 40% помалку електрична енергија во споредба со машини за перење во А енергетска класата, им овозможуваат на корисниците да го олеснат и да го направат секојдневното перење алишта позабавно, наместо тоа да биде само уште една работа што треба да ја направат. Ова е овозможено преку паметни функции, како што е ConnectLife апликацијата што ви дозволува да ја контролирате машината и да ги прилагодувате нејзините поставки од вашиот мобилен телефон. На пример, можете да ги ставите алиштата во машината кога сакате и да го започнете перењето преку апликација на вашиот телефон кога ви одговара. Дури и кога не сте дома. Машината е поврзана со вашата домашна Wi-Fi мрежа, а ConnectLife апликацијата ви овозможува да ги поставите параметрите за перење, да го закажете или да го стартувате перењето кога сакате. Или програмирајте ја машината да пере само кога има ниска тарифа за електрична енергија. 
 

Изберете попаметно, живејте поубаво и поудобно
Денес, купувањето повеќе не е само прашање на „што“, туку и на „зошто“. И кога причината е одржливост, рационална потрошувачка и долгорочно штедење - одговорот доаѓа сам по себе. Помалку електрична енергија значи помалку грижи, но и повеќе слободно време за поубави работи. Посетете ја веб страницата на Gorenje и уверете се дека модерните машини за перење и сушење алишта се вистинскиот избор за вашиот дом!

(Комерцијален текст)

4 јуни 2025 - 08:17