На кратко, одговорот е - многу повеќе од 2 мегабајти. Најголемиот дел од невролозите го проценуваат човековиот капацитет за меморија некаде помеѓу 10 и 100 терабајти.
Математиката зад овие проценки се базира на бројот неврони што ги има во мозокот. Ако тргнеме од тоа дека просекот е околу 100 милијарди неврони, а секој од нив има потенцијал да направи околу 1.000 врски, што претставува околу 1.000 потенцијални синапси (одговорни за меморирање на податоците) кои во просек тежат по 1 бајт. Ако секој од 100-те милијарди неврони, се помножат со 1.000 врски, се добиваат 100 трилиони дата точки, кои се еднакви на 100 терабајти информации.
Невролозите уште од старт признаваат дека оваа математика е премногу едноставна. Прво, бидејќи се претпоставува дека 1 синапса "тежи" околу 1 бајт информации. Второ, индивидуалните синапси не се комплетно независни. Некогаш се потребни и неколку синапси за да се пренесе еден бајт информација.
Дури и да се реши оваа равенка, потребно е да се пресмета колку од тој простор е "искористен" а колку е "слободен." Проблемот е што делови некои делови истовремено се користат за различни мемории, и тоа што дел од овие податоци често се корумпирани па дури и изгубени.