Консензусот е дека на Микрософт му треба ниска цена ако сака да направи нешто на пазарот на таблет компјутери, дури и да е тоа на негова штета.
Негативната страна на ова е што дури и МС да успее да ги навлече корисниците на Surface, подоцна нема да може да ги крене цените на таблетот, а да си нема проблем со веќе постојната публика.
Од друга страна ниската цена може е долгорочно исплатлива за МС и не се должи на голема субвенција, затоа што компанијата не мора да плаќа лиценца за оперативниот систем (околу 80 долари по таблет).
Лошото е што оваа цена сериозно ја поткопува позицијата на хардвер партнерите на МС, кои нема да можат да се натпреваруваат на пазарот со сопствените таблет компјутери за кои ќе треба да му плаќаат лиценци на МС за оперативниот систем.
Доброто е што ако вака ниската цена привлече голем број корисници, тоа ќе значи голем број програмери, кои ќе почнат да создаваат голем број апликации за Виндоус оперативниот систем, што пак ќе доведе до оформување на корисничка база, на која хардвер партнерите на МС ќе можат да им нудат поскапи модели.
Она што во моментот сите го очекуваат од Микрософт е да каже било што околу цената, пред таа да се запече во очекувањата на купувачите, по што МС би имал проблеми во протнување на некоја повисока цена.