Тоби Волш, професор на Оделот за компјутерски науки и инженерство на Универзитетот Нов Јужен Велс, ја претвора целата игра во математички проблем. Добива резултат дека Кенди Краш е припаѓа на под-групата проблеми NP-complete, што значи дека нивното решавање значително се отежнува како што расте нивната големина.
Исто рангирање на претходните анализи добиваат игрите Супер Марио Брадерс и Зелда.
Тоа што играта влегува во високо проблематичните групи за пресметување не значи дека таа е тешка за човечките играчи, меѓутоа двете работи се поврзани "што е и едно од објаснувањата зошто Кенди Краш е толку привлечна."
На последното пребројување Кенди краш ја играат 93 милиони луѓе дневно.