100 и кусур години откако на Едисон му текна дека од неа може пари да намлати, сијалицата добива нов живот.
LG деновиве ја претстави својата паметна сијалица кај која освен паметот, најдоброто е што може да трае 10 години (ако свети 5 часа дневно). А умот се состои во нејзината поврзаност со соодветни Андроид и IOS апликации со кои може да комуницира и преку кои може да биде управувана.
Со апликацијата може да биде штелувана цела палета сетинзи, меѓу кои и да биде ставена во "безбедносен мод" односно да глуми дека има некој во станот додека сте вие на одмор или пат.
Може да биде користена за журки кога се поврзува со музиката па прави лајт шоу без да имате потреба, како некогаш, да крадете стартери од неонки.
Може и да трепка како потсетник дека некој ве бара на телефон.
32 долари парче.