Ова го претвора секој телевизор (со ХДМИ) во паметен телевизор, плус ви дозволува истиот да го контролирате преку смартфон, таблет или лаптоп. Уредот на телевизорот се приклучува во ХДМИ портата, а напојувањето му е преку УСБ (од штекер или друг уред).
Од Гугл најавуваат дека во иднина дел од телевизорите од нивните партнери ќе доаѓаат во вграден Chromecast.
"За разлика од другите решенија, ние нема да ве присилуваме да го имате истиот оперативен систем на сите ваши уреди," порачаа од Гугл.
Chromecast не прави репликација на екранот на вашиот уред на телевизорот, туку само му дава пристап за негова контрола (звук, избор на канали / содржина, палење на телевизорот и сл). Уредот е компатибилен со Андорид и iOS уредите, а може да биде управуван и од компјутер преку Хром браусерот. За сега не се поддржани Виндоус телефоните.
Со отстранувањето на репликацијата на екранот, уредот има две предности во однос на конкуренцијата:
- прво, по давањето команда, ќе можете (на пример) на вашиот смартфон да пуштите сосема друга апликација, целосно да го изгасите и сл.
- второ, содржините не се стримуваат директно од вашиот уред, туку преку облак, кога ќе користите сервиси како ЈуТјуб (или Нетфликс во САД).
На Chromecast ќе може да се стримуваат и ХТМЛ5 и Флеш содржини, додека Силверлајт и Квиктајм се уште не се поддржани.