Во најновите реклами за Ајфон, Џон Малкович си игра со Сири. И толку. Ова е прв пат Епл да го покаже сервисот како вид на забава, наместо како корисна алатка. Досегашните реклами на Сири, обично покажуваа луѓе кои имаат некаква реална корист од неговото користење.
Како што и самиот Епл до сега сфати, корисниците не го употребуваат сервисот како што тие очекуваа. Иако понекогаш се користи за основните потреби, како праќање пораки или закажување состанок (истражување на Вол Стрит Журнал), добар дел од употребата на Сири е за правење шеги.
Друга причина за новата кампања е што претходните реклами за Сири изгледаа премногу практични. Дури еден корисник на Ајфон започна тужба против Епл заради "лажење" затоа што очекувал дека Сири може повеќе да направи.
College Humor пародија на Сири: