Наместо ова, стратегијата на компанијата зависи од два фактори:
- да ги натера медиумите сами да создадат галама околу производите на компанијата, преку позитивни рецензии.
- успехот да ги протне своите производи во телевизиски шоуа и филмови.
Медиумите се толку позитивно настроени кон Епл, што кога Ајфонот прв пат беше пуштен во продажба во 2007-ма, компанијата одреден период воопшто не платила за ниту една реклама на телевизија.
За втората ставка, местењето производи во серии / филмови, Шилер признал дека Епл има вработен чија исклучива задача е соработка со филмските студија и телевизиите на оваа тема.