Откако САД и другите богати (пост)индустриски земји потрошија милијарди долари субвенционирајќи производство на еколошки пожелните автомобили на електрична енергија, активистите за животна средина сериозно се поделија околу тоа дали ваквите возила навистина се подобри од стандардните.
Последното истражување на Норвешкиот институт за наука и технологија фрла дополнителен бензин во разгорената дебата бидејќи утврдило дека самиот процес на производство на електрични автомобили е далеку поштетен од производството на стандардни бензин/дизел коли. Всушност, нивниот придонес кон глобалното затоплување е двојно поголем отколку на стандардниот автомобил. Особено контроверзно е производството на батериите за ваквите возила.
Студијата дополнително фрла светло на фактот дека користење електрични автомобили во земји кои струјата ја добиваат на вообичаен начин (јаглен, лигнит, нафта) е прилично апсурдно. Колку повеќе електрични возила на патиштата, толку поголема потреба од струја добиена на еко штетни начини.
Екологистите добиваат критики и за некои алтернативни начини на производство на енергија а се оспорува и отворањето тнр зелени работни места откако се утврди дека за едно такво вработување се гаснат 3,7 работни места во реалната економија.