Зеленски од Америка бара кластер бомби

Ројтерс прв ја објави веста дека Украина повторно побарала од Вашинггтон во пратките оружје да има и кластер бомби. Тоа се оние монструми кои во воздух се распрснуваат и прават партал на голема површина. Бидејќи оваа желба прозвучи лошо по мирнодопскиот имиџ, се сетија да ублажат: немале да ги користат „како такви“.

Официјален Киев и порано има барано кластер бомби но сега го обновиле барањето со објаснување дека им требаат само за да ги размонтираат и потоа нивните помали експлозивни пакетчиња да ги користат за вооружување на дронови. 

Украина конкретно бара кластер бомби од типот Mk 20 Rockeye II (познати и како CBU-100) но ветува дека нема да ги џитка од воени авиони туку дека ќе ги размонтира за дополнително да ja искористи нивната суб-муниција како товар на дронови.

Вака функционира кластер- бомба.

Ројтерс потсетува дека компанијата Текстрон системи престанала да произведува Mk 20 уште во 2016 година откако САД престанаа да им ги продаваат на Саудиска Арабија, но неименуван конгресен извор вели дека Американците на лагер сè уште имаат преку еден милион кластер- бомби од овој тип.

Хјуман рајтс воч во 2005 година тврдеше дека САД во резервите чуваат 14, 5 милиони МК бомби.

 

8 март 2023 - 15:34