Во Шпанија не барајте поладно од 27

Шпанија воведе вонредни мерки за заштеда на енергија. Во затворени јавни објекти не ќе смее да се држи поладно од 27 целзиусови степени. Зимно време ќе може да се грее најмногу до 19 степени а дуќаните ќе треба да гасат светло во 10 саат навечер.

Шпанската влада прифати да воведе „итни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја дрма Европа по руската инвазија на Украина, пренесува агенцијата Дпа. На почетокот Шпанците го одбиваа предлогот на Европската комисија, но сепак се согласија по добиените концесии.

Сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, транспортните станици и аеродромите не смеат во лето да ја спуштат температурата под 27 Целзиусови степени.

Во зима температурата не смее да биде повисока од 19 Целзиусови степени.

„Време е за солидарност“, порача Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Донесените мерки ќе почнат да важат една недела по нивното објавување а ќе траат до ноември 2023 година. 

Заради заштеда на енергија, до септември дуќаните ќе мораат да инсталираат систем за автоматско затворање на вратите а светлото во дуќаните кои не работат како и осветлувањето на спомениците мора да се гаси после 22 часот.

Сето ова за да се заштеди 7% гас. Првично беше планирано да се заштеди 15%.

 

2 август 2022 - 11:26