Вашингтон се откажува од посредувањето на невладините

Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека САД се откажуваат од насочување на средства за странска помош преку невладини организации. Првенствено поради големите критики за неефикасност, мамење и некомпетентност. Наместо да го хранат НВО секторот, САД директно ќе работат со државите на кои им треба помош.

Марко Рубио објасни дека американските влади долго време ги користеле невладините организации за да  ги постигнат целите на надворешната политика, но многу од нив станале премногу скапи и неефикасни.

Првиот партнер во новиот начин на соработка е владата на Кенија, која наместо преку НВО-а, ќе добива американски средства директно. Договорот е со американска помош, властите во Кенија во следните пет години да ги зголемат трошоците за здравствена заштита за 850 милиони долари.

Рубио опиша како функционирало досега:

„Ќе отидевме во некоја земја и ќе им кажеме дека ќе им помогнеме околу нивните потреби за здравствена заштита. Потоа некаде во Северна Вирџинија ќе најдевме невладина организација, ќе им ги дадевме сите пари и ќе им кажевме: „Одете во таа и таа земја и направете им програма за здравствена заштита“.

Откако таа невладина ќе ги земела процентите од тие пари за режиски и административни трошоци, до луѓето за кои била наменета помошта стигнувал само дел од издвоените пари. 

„Зошто да ангажираме американски и меѓународни невладини организации да одат во други земји и да водат здравствени системи кои се паралелни, а понекогаш и во конфликт со здравствените системи на земјата домаќин? Ако сакаме да ѝ помогнеме на земјата, ќе ѝ помогнеме на земјата. Нема да помагаме невладина организација да најде нова линија на бизнис. Тоа е моделот кој го размонтираме. Нема да трошиме милијарди долари за финансирање на индустрискиот комплекс на невладини организации, додека блиски и важни партнери како Кенија или немаат никаква улога или имаат многу мало влијание врз тоа како се трошат парите за здравствена заштита,“ кажа Рубио.

 

7 јануари 2026 - 18:42