Се работи за околу 200 украински војници кои се обучуваа на полигоните во Германија, и кои ја минале и последната фаза од програмата. До нивното излегување на фронт војниците ќе останат во базата во Германија каде ќе продолжат со вежбање.
Надежта е дека тенковите ќе им ја дадат неопходната предност на украинските сили за пробивање на руските линии. Од друга страна стравот е дека пратката доаѓа премногу доцна за годинешната контраофанзива и дека наскоро теренот ќе стане непрооден за 70-тонските возила.
Веста за комплетирањето на обуката и испораката на тенковите доаѓа во исто време со изјавите на американски и украински функционери дека Украина за прв пат успеала да ја пробие главната руска одбранбена линија на југот од земјата. Дел од американските функционери надополнуваат дека ваквиот успех на Украинците не треба да се сфати како „голем напредок“ и дека Русите и понатаму ја држат 1000-километри долгата одбранбена линија.
Иако немаат сомнеж дека Абрамсите значително ќе ја засилат украинската армија, предупредувањето од функционерите на Пентагон е дека тие сепак не треба да се гледаат како „сребрен куршум и сепак на крај решавачка ќе биде одлучноста на Украинците да ја пробијат руската одбранбена линија.“
Западните сојузници и ветија на Украина дека ќе и испорачаат околу 300 тенкови.