Трамп: Започнуваме со преговори за мир, ќе му кажам и на Зеленски

Американскиот претседател доналд Трамп обелодени дека имале „долг и продуктивен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин. За да се спречи продолжување на крвопролевањата во Украина и Русија договориле веднаш да се почне со преговори за мирно решенија. Тоа прво ќе му се соопшти на Владимир Зеленски.

Се договоривме нашите тимови веднаш да започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Владимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам веднаш“, напиша Трамп.

Додаде дека задолжил тим предводен од американскиот државен секретар Марко Рубио да ги води тие преговори.

„Милиони луѓе загинаа во војна што немаше да се случи ако јас бев претседател, но се случи ама мора да заврши“, напиша меѓу другото Трамп: „Сакам да му се заблагодарам на претседателот Путин за времето и напорот што ги посвети на овој повик и за вчерашното ослободување на Марк Фогел, прекрасен човек кого лично го поздравив синоќа во Белата куќа. Верувам дека овој напор наскоро ќе доведе до успешен крај.

Кремљ потврди дека Путин и Трамп разговарале час и половина.

„Никој не сака мир повеќе од Украина. Заедно со САД ги планираме следните чекори за да сопре руската агресија и да обезбедиме траен и одржлив мир,“ напиша Зеленски по телефонскиот разговорот со Трамп.

Претходно, во големо интервју за Гардијан, Зеленски рече дека е подготвен за размена на територии но порача дека без гаранции од САД, гаранциите не се гаранции. Беше сомничав кон идејата за распоредување мировни војници од ЕУ бидејќи не памти кога мировни војници некогаш во историјата ѝ помогнале на некоја земја.

 

 

12 февруари 2025 - 19:39