Во последните денови од претседателската кампања, Доналд Трамп и неговиот потпретседател покренаа јавни напади врз надворешно-политичките јастреби кои страсно се залагаат за воени интервенции во светот и по таа линија природно се спротивставија на неговата кандидатура.
На мета се најде поранешната конгресменка Лиз Чејни (ќерка на екс потпретседателот Дик Чејни) која Трамп ја нарече радикален воен хушкач и ѝ предложи како таква, барем еднаш да помириса таква војна.
Сите тие се воени јастреби седат во Вашингтон во некоја убава зграда и си викаат, а што фали да испратиме 10.000 војници право во устата на непријателот?“
Го потзакачи и самиот Дик Чејни кој неодамна, заедно со ќерка му, ја поддржа Камала Харис.
„Не го обвинувам што се држи заедно со својата ќерка, но неговата ќерка е многу глупава личност“, рече Трамп.
Лиз Чејни овие напади ги доживеа како смртна закана па ќе рече:
„Вака диктаторите ги уништуваат слободните народи“.
Првиот човек на Трамп, Џеј Ди Венс, фрли повеќе светлина на толку гласното залагање на семејството Чејни за различни војни. Во муабет со Џо Роган тој сугерираше дека Лиз Чејни ја поддржува војната во Украина во очекување на профитабилна работа во одборот за контрактори на департментот за одбрана и потсети на несомнено утврдената врска на нејзиниот татко со гигантот Халибартон: Халибартон како изведувач добивал федерални пари за време на војната во Ирак, истовремено Дик Чејни добивал одложен надоместок од Халибартон.
Иако престројувањето на надворешната политика на Трамп ја подели Републиканската партија и ги турна најгласните воени хушкачи кон демократите, тоа придоби нов тип гласачи за републиканците кои се скептични кон странски интервенции и кои му помогнаа на Трамп да победи во сојузните држави во средниот запад во 2016 година.