Севкупно на ниво на сервис се проценува дека годишно Тикток загадува повеќе отколку цела Грција. Во мерењето спроведено од Гринли, социјалната мрежа произвела повеќе јаглерод двооксид отколку нејзините конкуренти како Икс и Снапчат.
Загадувањето од Тикток, со нивните 1 милијарда корисници, било за нијанса поголемо отколку она на Инстаграм кој има речиси два пати повеќе корисници.
Дел од објаснувањето за ова е и заразноста на платформата па додека просечниот Инстаграм корисник минува по 30,6 минути на ден на апликацијата, кај Тикток просекот е 45,5 минути.
Математиката е дека само серверите и систем салите на Тикток испуштаат околу 50 милиони тони ЦО2 годишно (Грција е нешто над 51 милион), бројка која само ќе се зголеми ако кон нејзе се додадат помалите извори на загадување, како канцелариите на Тикток или секојдневното патување на работа на неговите вработени.