
Не дека некој ќе му ја земе вилата на бизнисменот и поранешен руски сенатор Виталиј Малкин, туку тој ќе треба да плати данок од 1,5 милион евра ако не може да го докаже ова.
Малкин ја има купено вилата преку шел компанија од Луксембург, на чие име сега и се води имотот, но тоа што шел комапнијата тврди дека нејзин сопственик е Малкин не е доволно за француските власти да го признаат Малкин како сопственик.
Фората што ја користат француските власти е со цел да се натераат богаташите да почнат да го плаќаат данокот на богатство во Франција, наместо како до сега да се кријат зад шел компании и слични опции.
„Иако сите знаат дека сопственик е тој што тврди дека е сопственик, за даночните власти и понатаму не е доставен валиден доказ за сопственост како што тоа го пропишуваат француските правила.
Бидејќи сопствениците на компании со ограничена одговорност не мора редовно да се апдејтуваат на места како Луксембург, станува потешко да се докаже сопственоста,“ објаснува еден француски адвокат.
По слична основа, друг руски милијардер, Исканар Махмудов, реши да го прескокне целото докажување сопственост за една вила на Азурниот брег, па во јануари за нејзе плати данок од 1,56 милиони евра.