Престрелките започнуваат некаде околу 20:45 по локално време кога демонстрантите маршираат низ градот на протестите по убиството на двајца црнци во изминативе неколку дена. Двајцата, Филандо Кастиљ и Алтон Стерлинг, се убиени од полицијата на сосема различни локации.
Началникот на полицијата на Далас, Дејвид Браун, изјави дека полицијата го застрелала едниот од напаѓачите што го имаа опколено во катната гаража од која се извршени убиствата. Тој на преговарачите им порачал "дека крајот се ближи, и дека ќе повреди и убие" уште многу полицајци, и дека "насекаде во гаражата и низ центарот на Далас имал поставено бомби."
"Веруваме дека осомничените се имаат позиционирано себе си така што ги имаат опколено полицајците од две различни страни... и планирале да повредат и убијат што е можно повеќе полицајци," изјавил првиот човек на полицијата.
Браун објавил и дека во близина на гаражата била уапсена жена заради сомнеж дека соработувала со снајперистот. На прес-конференцијата тој објави дека 12 полицајци биле застрелани од заседа, а од нив тројца починале. Подоцна полицијата на Далас на Твитер објави дека починал и четвртиот полицаец, а полициското здружение на градот ја потврди смртта и на петти полицаец.