Се подготвува „шарена револуција“ во Индонезија

Во феврари Индонезија ќе бира нов претстедател. Заминувањето на актуелниот, од народот саканиот Џоко Видодо остава празен простор а империјата не може да си дозволи тоа да мине без нејзина контрола. Уште еден крвав пуч како на времето со Сукарно/Сухарто не е опција, па ќе се оди со проверената формула: „промоција на демократијата.“

Документи анонимно доставени до Минтпрес откриваат дека „цивилната маска“ на ЦИА, фамозниот Национален фонд за демократија (NED), поставува темели за шарена револуција во Индонезија.

Во февруари следната година, Индонезија ќе бира нов претседател. Актуелниот Џоко Видодо кој е нашироко сакан од Индонезијците, не може да се појави повторно а НЕД се подготвува да ја преземе власта по неговото заминување. Операцијата се спроведува и покрај тоа што најважната разузнавачка агенција на Џакарта им порачала на Американците да се држат настрана.

Се наведува дека документите обелоденуваат како НЕД работи зад сцената, тука и сега, но и на други места и во други времиња.

Фондот работи во повеќе од 100 земји и распрснува над 2.000 грантови секоја година. Како и на други места, и во Индонезија со овие пари се влегува во невладини но и во партии и кај политички кандидати.

Со тоа се сака да се обезбеди дека американските интереси ќе има кој да ги брани после февруари, а армијата оперативци на НЕД се подготвени и да ги оспорат, ако не и поништат резултатите доколку победат погрешни луѓе.

Лични грантови - со други зборови, мито - од Фондот веќе тајно се дистрибуирани до Индонезијците за организирање антивладини протести, пишува Минтпрес.

Што имаат подготвено за денот на изборите не е сигурно, но документите се во духот на она што коосновачот на фондацијата Ален Вајнстин отворено го призна во 1991 година:

„Многу од она што го правиме денес беше правено тајно пред 25 години од ЦИА“.

Џоко Видодо – познат како Џокови – таму е нешто како рок ѕвезда. Тој е првиот индонезиски водач кој не потекнува од политичката или воена елита на земјата, воспоставен после нејзината тешко освоена независност од Холанѓаните во 1949 година. Роден и израснат во сиромашен кварт крај реката во Суракарта, оттаму се бореше да стане градоначалник на неговиот роден град во 2005 година, потоа за гувернер на Џакарта во 2012 година, за две години подоцна да стане претседател. Видодо посветено се бореше со бирократијата и корупцијата додека спроведуваше програми за обезбедување универзална здравствена заштита, економски раст, радикален развој на инфраструктурата и материјални подобрувања на животите на просечните граѓани.

Би требало сето ова да го прави идеален лидер од перспектива на Вашингтон. Ама, тој исто така даваше приоритет на „заштита на суверенитетот на Индонезија“ и ограничување на странските влијанија. Покрај тоа, води и интензивно независна надворешна политика, што многу ја нервира американската империја. Видодо ги охрабрува лидерите на муслиманските држави да се помират и се заложи за палестинска независност. Неговиот министер за надворешни работи ја посети Палестина, но одбива да воспостави дипломатски односи со Израел.

„Најстрашно“, од руската инвазија на Украина, тој одлета во двете земји и ги повика нивните лидери да бараат мир. Кога Џакарта беше домаќин на Самитот на Г20 таа година, го покани не само Зеленски, туку и Путин, и покрај жестоките критики од Западот.

На многу полиња, Видодо потсетува на владеењето на Сукарно, првиот претседател на Индонезија, од 1945 до 1967 година кој водеше експлицитно антиимперијалистичка политика. Дома ја сопре западната експлоатација на огромното богатство на неговата земја, додека одржуваше срдечни односи и со Истокот и со Западот и се залагаше за Движењето на неврзаните.

Тоа негово одбивање да се покори на империјалните интереси го направи „маркиран“ човек. Во 1965 година, бива соборен во крвав воен удар спонзориран од ЦИА и МИ6, со што започна 30-годишната воена диктатура спрoвeдена од генералот Сухарто. Над еден милион луѓе убиени во политички мотивирани масакри, егзекуции, самоволни оставања во робија и дива репресија. Дури и ЦИА ја опишува неговата чистка како „едно од најлошите масовни убиства во 20 век“.

Видодо сега се подготвува да ја напушти функцијата и остава празен простор кој НЕД сака да го пополни. Повторување на кравиот пуч на Сухарто не е опција па протечените документи покажуваат дека ставањето на ситуацијата под своја контрола, Американците ќе го прават под покровителство на фамозната „промоција на демократијата“.

Така НЕД функционира уште од неговото основање во 1983 година. Организацијата беше експлицитно основана од високи луѓе на ЦИА и служи како јавен механизам за поддршка на опозициски групи, активистички движења и медиуми кои се занимаваат со пропаганда и политички активизам за да ги нарушат, дестабилизираат и сменат режимите на „непријателот“.

Ова вклучуваше спонзорирање на неуспешниот бунт во Куба, испраќање пари на сепаратистичките демонстранти во Хонг Конг, обид за соборување на белоруската влада, нивно присуство на Балканот и во Македонија....

Индонезија е на ред.

Деталите ги има Минтпрес а за Националниот фонд за демократија види кај нас:

Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија

Ѕирни и:

Провери ми нешто и дој по плата

Украинците се жртви на американската "Студена војна 2.0"

 

6 септември 2023 - 17:15