Тоа не само што е кршење на Актот за атомска енергија туку се одвива и без знаење и согласност на Конгресот, како што налага законот.
Свиркачите велат дека деловната атмосфера во Белата куќа ја карактеризира хаос, дисфункционалност и секакви подметнувања. Највисоките политички функционери се во различни конфликти на интереси и самоволно ги игнорираат сите предупредувања на нивните колеги задолжени за етички прашања.
Велат дека трансферот на нуклеарна технологија на така контроверзна адреса како што е Саудиска Арабија деновиве е и забрзана, во пресрет на посетата на таа земја на зетот на Трамп, Џеред Кушнер, закажана за идната недела.
Ваквата операција се одвива и покрај писмото од октомври минатата година, потпишано од Марко Рубио, Ренд Пол и уште неколкумина угледни републикански сенатори кои бараа Трамп да ги прекине преговорите за трансфер на потенцијално опасната технологија во С.А. заради основаните сомневања во „транспарентноста, одговорност и разумноста на донесувањето одлуки“ на таа држава.