Бројот на таргетирани ирански локации кои војската на САД е спремна да ги уништи е референца на 52-та американски државјани кои беа заложници во познатата заложничка криза која траеше 444 дена.
„Оние кои го спомнуиваат бројот 52 треба да го запамтат бројот 290. #IR655. Никогаш не ѝ се заканувај на иранската нација“, врати Рохани на единственото место кое Tрамп го чита, Твитер.
IR655 е бројот на летот на иранскиот патнички авион кој Американците го срушија во Персискиот залив во 1988 година, убивајќи ги сите 290 патници и членови на екипажот.
Тоа е време на истекот на 8 годишната иранско-ирачка војна во која САД отворено се ставаат на страната на Садам Хусеин. Нивното официјално објаснување беше дека се работи за грешка и дека од воениот брод од кој беше истрелана ракетата помислиле дека се работи за воен а не за патнички авион.
Пошто, нели, патнички Ербас А300 - и по големина и по брзина - е многу сличен со борбените Ф-14 кои Иран ги користеше во воените игри во заливот.
****
Види и: