Десничарската партија Алтернатива за Германија освои најмногу гласови на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, додека конзервативната ЦДУ на канцеларот Мерц не го помина ни изборниот праг од 5% од гласовите, прв пат по 1949 година.
Според неофицијални резултати, АфД освоила 38,3% од гласовите, пред социјалдемократите со 35,4%. ЦДУ освоила 4,9%.
„Тоа е катастрофа“, изјави Мерц по објавувањето на резултатите, но истакна дека нема намера да поднесе оставка, и дека ќе ја продолжи реформска агенда на коалициската влада.
Токму последиците од тие реформи – како падот на стандардот и издвојувањето помош за странство, ги поттикнаа Германците да не гласаат за ЦДУ. „Со овие плати, тешко дека можете да си дозволите што било“, изјавила за Ројтерс жена од Шверин. „Потребни ни се парите за нашата земја, за децата и пензионерите“, додава постар гласач.
ЦДУ ја изгуби власта и во главниот град Берлин. Левичарската партија Линке освои 25,3% од гласовите, пред ЦДУ со 19% и АфД со 16,3%. Линке во кампањата најави дека сака да го национализира домувањето од корпоративните сопственици и да ги ограничи кириите.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.