Проблемот што го гледаат Американците е дека продолжувањето и проширувањето на украинската инвазија во Русија само ги истенчува и онака броените украински сили.
Украинската логика беше дека со нападот ќе ја натераат Русија да повлече војска од фронтот во Украина и со тоа да го олесни притисокот таму.
Она што забележале американските функционери е дека бројот на војници што Русија ги повлекла не бил значаен, па останува нејасно дали тоа ќе влијае на рускиот притисок во близина на Харков и други места.
Освен војската, процената е дека нападите ги тенчат и линиите за снабдување на Украинците кои сега треба да отворат сосема нови рути кон руска територија.
На теренот, напредокот на Украина во Русија е следен од напредок на Русија на украинскиот фронт каде се приближува кон градот Покровск.
За Американците не се јасни и точните цели на украинската инвазија во Русија, вклучително и тоа дали Киев има намера бесконечно да ја држи заробената територија и да ја чува за евентуалните мировни преговори.
И Британците имаат некоја слична проценка дека Украинците еден ден ќе мора да застанат и да почнат да го бранат освоеното, а тогаш ќе се претворат во мети за руската авијација. Плус одбраната на освоените руските територии на подолг рок ќе биде проблематична да се одржи наспроти руските напади.