Речиси и никој да не жали по Британија од пред ковид-19

Има нешто во целиот овој хаос што повеќе ги бендисува Британците отколку од стандардното секојдневие од пред епидемијата.

Само 12% од Британците сакаат да се вратат на старата „нормална“ Британија по завршување на ковид-19 пандемијата, и за тоа тие се подготвени да плаќаат и повеќе даноци, ако треба.

Во анкетата на БританТинкс, се издвојуваат три јасни приоритети на Британците:

- Подобро финансирање за здравствениот систем (НХС).

- Подобар третман и плата за „клучните работници“.

- План за економско закрепнување кој нема да се фокусира само на Лондон.

Освен ова прилично високо котирале: компаниите да овозможат повеќе слободно време за семејството и пријателите, повеќе грижа за животната средина и високо ниво на вработеност.

60% биле подготвени да плаќаат повеќе данок за НХС да биде подобро финансиран, наспроти тоа само 17% дале поддршка за враќање кон мерките за штедење. Во декември 2011, 60% сметаат дека треба да се штеди.

Што е до секојдневното однесување, 72% од испитаниците изјавиле дека сметаат дека подобро ги следат правилата за изолација отколку просечниот граѓанин.

13 јули 2020 - 15:41