Рафаели го брани Израел од Роџер Вотерс

Во 2011-та Бар Рафаели беше воодушевена кога како публика на концерт на Пинк Флојд се виде себе си на слика на бината. Две години подоцна и еден балон во форма на свиња со Ѕвездата на Давид, Рафаели не сака ништо да има со Роџер Вотерс.

Рафаели остана гневна откако на концертот во Белгија, беше пуштен балонот свиња кој овој пат на него имаше знаци кои се обележја на фашизам и диктаторски режими. Меѓу нив, беше и еврејскиот симбол. Ова предизвика огромно незадоволство од најразлични еврејски здруженија.

По бунтот што се дигна околу свињата, Рафаели твитна: "Роџер Вотерс, подобро тргни ја и мојата слика од сцената. Ако бојкотираш - бојкотирај до крај."

На целата работа, не директно на Рафаели, Вотерс одговори дека свињата се појавила на 193 концерти и свирки од 2010-та, и дури сега ја добива првата поплака.

Вотерс долги години е познат како активист кој го поддржува бојкотот на Израел, а со концертот во Белгија тој ја започна својата најнова турнеја.

24 август 2013 - 17:28