Откако не му беше прифатен предлогот за автоматско казнување на сите возачи што ќе бидат фатени на сообраќајните камери како возат побрзо од дозволеното, градоначалникот на Њујорк почна да размислува да ги засрамува возачите.
Неговиот план е да се направи листа на возачи кои го прекршиле ограничувањето на брзината, со нивно име, слика, таблици, модел на автомобил и брзината со која возеле, и списокот јавно да го објават.
На страна тие што се бунат против предлогот по основа на тоа дека така се прекршува приватноста и слични плачки, една од забелешките е дека градоначалникот не сакајќи ќе направи официјално рангирање на најбрзи возачи во Њујорк, што ќе има крајно спротивен ефект.
Инаку, претходно градоначалникот Блумберг, предложи сите возачи кои ќе бидат снимани како возат над дозволеното по автоматизам да добијат казна од 100 долари.