Последното понижување на Бајден

Во анкета на американски регистрирани гласачи, најголемиот дел од испитаниците не можеле да се сетат на еден успех од 4-годишното владеење на Џо Бајден.

Запрашани со еден збор да го сумираат претседателството на Џо Бајден американските демократи, републиканци и независни покажуваат невообичаено единство во одговорот „ништо“.

По „ништо“ следуваат одговорите: економија, инфлација и инфраструктура. „Ништо“ доминирал и кога одговорите биле поделени и по партиска припадност, со таа разлика што демократите малку од малку биле понаклонети па кај нив се појавуваат и зборови како „добро“, „стабилност“ и „подобро“.

Ова „ништо“ е поддржано и од друго прашање во кое од испитаниците се барало да наведат едно достигнување на Бајден. Повеќе од половина изјавиле дека ништо не им текнува.

Едно од објаснувањата на аналитичарите е дека дури и работите што Бајден ги има постигнато и успеано да ги спроведе во својот мандат се засенети од проблеми како инфлацијата и впечатокот дека тој не е ментално подобен да ја предводи Америка.

21 јануари 2025 - 13:35