После Дутерте - Маркос. И Дутерте.

Со дeцении омразеното име на филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос се враќа на сцена, преку неговиот истоимен син кој на претседателскитее избори го направи партал второпласираниот кандидат. А потпретседател на Филипини најверојатно ќе биде Сара Дутерте, ќерка на претседателот во заминување.

36 години откако филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос беше срушен со една од оние „моќта е во народот“ револуции а тој со семејството, со американски хеликоптери беше евакуиран на Хаваи, на голема врата се враќа истото име и презиме, кое денес го носи неговиот син кој најверојатно е нов претседател на Филипини.

Фердинанд Маркос јуниор, попознат како Бонгбонг, неофицијaлно освоил преку 30,5 милиони гласови, над двојно повеќе од неговиот главен противкандидат Лени Робредо, кој важи за реформист и почитувач на човековите права а кој укнижил околу 14,5 милиони гласови.

На изборите учествуваше и прославениот боксер Ману Пакао кој заврши со 3,5 милиони гласови.

Во потпретседателската трка која таму се одигрува паралелно со главната, води Сара Дутерте, градоначалничка на Давао и ќерка на живописниот претседател Родриго Дутерте (види: Дутерте: У гз ќе ви ставам вакцина!).

Филипинската револуција во 1986 година започна со убиството на опозициониот лидер Бењино Аквино кој беше во егзил во САД но се врати во земјата за да биде застрелан веднаш по слетувањето. Кога Маркоси бегаа во Хаваи (за стариот да умре таму три години подоцна), Бонгбонг имал 28 години; денес има 64.

 

10 мај 2022 - 13:41