52,3 степени регистрирани во средата на пладне се рекорд и за Њу Делхи и за Индија. Претходниот национален рекорд го држеше град од пустинската сојузната држава Раџастан и беше за само еден степен пониско.
Топлотниот бран, кој Индија го прогласува кога температурите ќе се кренат над 45 степени Целзиусови, се совпаѓа и со 6-неделните општи избори во земјата, што претставува сериозен ризик за луѓето кои чекаат во долги линии пред гласачките кутии. Гласањето во Индија завршува во недела.
Април, мај и јуни вообичаено се најтоплите месеци во најголемиот дел од Индија, по што следува сезоната на монсуни кои ја стишуваат температурата. Меѓутоа изминативе децении горештините пред сезоната на монсуни стануваат се понеподносливи.
Не дека во Пакистан е нешто подобро: