АФД, крајно-десната германска партија која направи сериозни пореметувања во германската политика и парламент, доби сопствено „крило“ на Евреи симпатизери. Ваквото засилување следува и покрај тоа што нејзини функционери го релативизираа холокаустот а еврејските организации и заедници ја критикуваа АФД заради нејзините ксенофобични гледишта.
Веста за приклучувањето на еврејска група кон партијата беше сериски критикувана од добар дел од меинстрим еврејските организации, по основа дека тоа е погрешно, непотребно, ќе штети и слично.
Критичарите на ваквиот потег, објаснуваат дека тие всушност сочувствуваат со бегалците, истовремено опоменувајќи ги дојденците дека тие сепак ќе мора да ги прифатат „демократските вредности и да избегнуваат мизогинија, хомофобија, анти-семитизам и други анти-модерни гледишта, доколку сакаат да останат во Германија“.
Новостворената наклонетост на дел од еврејската заедница во Германија повторно легнува на сметка на Меркел и нејзината либерална политика кон бегалците. Освен што присобира Евреи, последните анкети покажуваат дека АФД успева да штрбне и од гласачите на ЦДУ на Меркел со што стана втора по моќност партија во земјата.