Сомнителните облози почнаа по 21 март, кога претседателот Доналд Трамп објави на Truth Social дека ќе ги „уништи“ иранските електрани доколку Иран во рок од 48 часа не го отвори повторно Ормускиот теснец, забележува новинарот Џош Рогин. Пазарите на нафта се подготвуваа за стрес – нападите врз енергетската инфраструктура ќе ги зголемат цените на суровата нафта, што значи поскап бензин на пумпите, немирни берзи и финансиски шок низ земјата.
Непосредно пред истекот на рокот, во 6.49 часот наутро во понеделникот, некој постави огромен облог дека ништо од тоа нема да се случи. Кој и да беше тој, за една минута продаде договори за нафта во вредност од околу половина милијарда долари – обложувајќи се дека нафтата не само што нема да поскапи, туку и ќе поевтини. Во исто време купи „фјучерси“ за акции - облог дека пазарот ќе се зголеми. Во таа една минута трговската активност беше девет пати поголема од нормалната, без какви било јавни индикации и со ризик од губење стотици милиони долари.
Нешто по 7 часот, Трамп објави дека ги откажува нападите. Цената на нафтата падна за 10%, а фјучерсите на акции скокнаа за 2,5%. Берзанскиот индекс Дау затвори со повеќе од 1.000 поени. Кој и да ги поставил облозите, победил на двете страни.

На 7 април, приближно 950 милиони долари во ист вид облог се појавија неколку часа пред Трамп да објави двонеделен прекин на огнот со Иран. Нафтата падна за околу 15%.
На 17 април тоа се случи по трет пат. Во 8.24 часот наутро, некој купи нафтени кратки цени во вредност од речиси 800 милиони долари. Дваесет и една минута подоцна, министерот за надворешни работи на Иран објави дека Ормускиот теснец е „целосно отворен“. До 9.10 часот наутро, нафтата падна под 84 долари за барел, што е нејзината најниска цена за повеќе од еден месец. Трите облози, во кои беа ризикувани повеќе од 2 милијарди долари, донесоа огромна добивка.
Единствениот можен одговор е дека има инсајдерски трговец. Секоја друга алтернатива е статистички невозможна, забележа демократскиот конгресмен Ричи Торес на CNBC.
Економистот Пол Кругман, добитник на Нобеловата награда за мир, ја нарече трговијата од 23 март „предавство“. Сенаторите Елизабет Ворен и Шелдон Вајтхаус на 9 април побараа од CFTC да спроведе истрага поради „повторена злоупотреба на необјавени материјални владини информации“. Торес во писмо до независната регулаторна комисија CTFC предупреди дека ова може да е еден од најголемите случаи на инсајдерско тргување во историјата.

Блумберг на 15 април објави дека Комисијата за тргување со фјучерси на стоки отворила истрага, барајќи евиденции за тргувања од надлежните берзанските групаци CME Group и ICE Futures.
Секоја импликација дека службеници од администрацијата се вклучени во таква активност без докази е неосновано и неодговорно известување, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл.
Минатата година, Одделот за јавен интегритет на Министерството за правда - единицата што историски ја гони корупцијата од страна на федералните службеници - беше намалена од 36 адвокати на само двајца. Ројтерс во март објави дека највисокиот службеник за спроведување на законите на Комисијата за хартии од вредност поднел оставка по судир со раководството на агенцијата во врска со случаи што го допирале кругот на претседателот.
До денес, не е јавно идентификуван ниту еден трговец со сомнителните облози. Не се поднесени обвиненија. Не е утврдена никаква врска со никого во администрацијата.