НАТО има само 5% од ПВО потребно за заштита на источното крило

Внатрешните калкулации на НАТО покажале дека Европа располага само со делче од капацитетите за противвоздушна одбрана неопходни за заштита на источното крило.

Две и пол години војна во Украина посебно ја нагласија неопходноста на ПВО, и им воочи на најразлични европски лидери клучната улога што таа ја има во модерен конфликт против армија на држава, наспроти организирани групи бунтовници или терористи.

Извадени од памет од случувањата на фронтот, офицери на НАТО се пребројуваат и заклучуваат дека државите членки се способни да испорачаат само 5% од ПВО капацитетите неопходни за да се заштитат членките на НАТО во централна и источна Европа од директен напад.

Фајненшл тајмс пренесува изјава на висок НАТО дипломат кој порачал дек нивната способност да се одбранат од воздушен напад или проектили е клучен дел од планот за одбрана на источна Европа од инвазија, „а сега, го немаме тој капацитет.“

Дел од европските лидери и воени офицери тврдат дека Русија до крајот на деценијава би можела да има капацитет да нападне земја членка на НАТО.

„ПВО е една од најголемите дупки што ги имаме. Не можеме тоа да го негираме,“ изјавил НАТО дипломат за ФТ.

И без оваа проверка, европските членки на НАТО јавно мораа да признаат дека резервите со ПВО системи и муниција им се на бандаж, згора на тоа што системите им се скапи и спори за произведување.

Низ целата војна во Украина, Русија на повеќе наврати ги изненадува западните аналитичари и функционери во делот со воздушните напади. Прво беа ударите со ракети со голем домет, потоа беше воведувањето и револуционерната употреба на евтини мали дронови во војната, а последни се лизгачките бомби кои разуруваат низ Украина.

Успешноста на различните средства за воздушни напади ги испаничи Европејците кои се надеваа дека Русите се со далеку послаби перформанси и системи, а до пред почетокот на војната тие воопшто не ги сметаа малите дронови или лизгачките бомби за каква било закана, а не па сериозна.

За сега најдобри перформанси во ПВО покажаа американските Патриот батерии кои го штитат аеродромот во јужна Полска кој стана центар за западната помош за Украина. Проблем со Патриот системот е што се премногу скапи а членките на НАТО немаат доволно примероци од истиот за себе, а не па за да го испорачуваат вон своите граници

Една од опциите е да се направи целосна интеграција на најразличните европски ПВО системи и да се оформи густа мрежа од истите низ Европа, меѓутоа, како што објаснува Џек Ватлинг од РУСИ, „обидите да се апдејтува командната и контролна инфраструктура на НАТО никогаш не мрднале од мртва точка.“

1 јуни 2024 - 10:00