
Не само локалци туку и централната влада го обвини градоначалникот на Лион дека со одлуката им нашетува на здравјето на децата од кои „голем број јадат месо само во училишните мензи“ и дека таа е „неприфатлива навреда“ за француските сточари и касапи.
Ова е посебно тежок удар за кулинарската гордост на Франција, затоа што Лион се води како кулинарска престолнина на земјата.
Министерот за земјоделие се побуни против индоктринацијата на учениците порачувајќи:
„Да престанеме да ставаме идеологија во чиниите на учениците. Да им го дадеме она што им е потребно за добро да растат. Месото е дел од тоа.“
Градоначалникот пак објаснува дека вегетаријанските оброци се само со цел да се забрза процесот на подготвување и делење на училишните оброци за време на пандемијата, дополнувајќи дека училишното мени содржи и јајца и риба што „придонесува за балансиран оброк за сите ученици.“