Монголија е важна бидејќи преку нејзе минува значаен дел од речиси 2.600-километарскиот гасовод, заради што таа е клучен партнер во изградбата и преговорите за надоместок за пренесување гас.
Акцискиот план на Монголија е изработен за периодот до 2028 и беше објавен минатата недела со поддршка од коалициската влада која има 118 од 126 седишта во тамошниот парламент.
Процената е дека исклучувањето од програмата се должи на несогласувањата меѓу Пекинг и Москва околу цената на гасот, надополнети со стравот на Монголија од санкции од Западот заради помагање на Русија.
„Влегуваме во долга пауза, во која Москва повеќе не верува дека може да го добие договорот што го посакува од Пекинг и веројатно ќе го паркира проектот за подобри времиња,“ објаснува поранешен монголски функционер.
Освен цената можно е и на Пекинг да не му е по мерак тоа што веројатно Газпром целосно ќе го контролира монголскиот дел од гасоводот.
Гасоводот кој беше заеднички проект на Кина и Русија, требаше да биде готов за 5 години и да има капацитет од 50 милијарид кубни метри гас годишно. Овој гас првично беше наменет за европскиот пазар.
Кинезите наводно побарале цена иста како за рускиот домашен пазар, што не било прифатливо за Газпром заради големите финансиски ресурси кои ќе бидат инвестирани во гасоводот.
Друга работа е што Русите моментално немаат пари да го финансираат гасоводот, а Кина има пари, ама па не и се брза нешто многу да го изгради.
Моментално Кина прима нешто повеќе од 10 милиони тони природен гас месечно.
Процените на руските експерти е дека 2028 треба да се смета за „референтна точка за идни опсервации, за потенцијален почеток на проектот.“