Бегалецот кој се решава своите денови да ги минува чистејќи улици е казнeт со 350 евра од локалните власти.
Веднаш по ова народ ем се крена против општинарите што го казниле, ем почнаа да собираат пари за да му ја платат казната.
Нигериецот на своето работно место имал знак на кој испишал „би сакал искрено да се интегрирам себе си во општеството без да барам помош. Ќе ги одржувам вашите улици чисти, а од вас барам само мал придонес за мојата работа.“
Локалците што го бранат чистачот, на Фејсбук пишуваат дека тој ги исчистил сите листови што ги затнувале шахтите, сите отпушоци од цигари „и целото ѓубре што ние цивилизираните граѓани го фрламе на земја“.
Правдањето на локалните власти е дека казната му била напишана од тазе и неискусни полицајци.